Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Од:

Две лица загинаа во воздушна несреќа во која учествуваа тренинг и патнички авион во Кенија, соопшти полицијата.

Авионот се судри над Националниот парк Најроби во главниот град, при што помалиот авион се урнал.

Поголемиот авион, Dash 8 управуван од Safarilink Aviation со 44 луѓе, се движел кон приморското одморалиште Диани кога екипажот пријавил силен удар веднаш по полетувањето од аеродромот Вилсон и одлучил да се врати назад, соопшти авиокомпанијата.

„Можам да потврдам дека ученик и тренер [во авионот за обука] загинаа за време на инцидентот“, изјави за Ројтерс командантот на полицијата во округот Најроби, Адамсон Бунгеи.

Авион на школата за летање и патнички авион Сафарилинк се судрија во 10.05 часот, соопштија од Кениската управа за цивилно воздухопловство.

Би можело да ве интересира

Авионска несреќа во САД, загина пилот, еден патник е повреден

Авион се урна во Бугарија

М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември

Три мали авиони се урнаа во Германија, загинаа три лица

Горан Наумовски

САД: Авионот се урна во предградието на Портланд, три лица загинаа

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд