Во Русија беа формирани два нови воени окрузи поради зголемената закана од Северноатлантската воена алијанса (НАТО), изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, наведувајќи дека се формирани воените окрузи Ленинград и Москва.
„Во контекст на зајакнувањето на воениот потенцијал на НАТО во близина на руските граници, проширувањето на Алијансата со влезот на Финска, а во иднина и на Шведска, презедовме чекори за зајакнување на воените групи во северозападните и западните стратешки правци“, рече Шојгу.
Тој изјави дека на воените области им се доделуваат соодветни територии, вклучително и нови региони, како што Москва ги нарекува деловите на Украина што ги прогласи за анексија.