Неколку лица загинаа во градот Нешвил, во американската сојузна држава Тенеси, кога мал авион се урна во близина на автопат, соопшти полицијата. Како што се наведува, едномоторниот авион во понеделникот вечерта се урнал на тревна површина во западниот дел на градот, а потоа избил пожар во авионот.
🚨#BREAKING: A Small plane has crashed resulting in Multiple fatalities on board
Earlier this evening, a small single-engine airplane with the tail number N422RJ, departing from Huntsville, Alabama, crashed off the eastbound lanes of I-40 in… pic.twitter.com/tIeDnTrqjn
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) March 5, 2024
Според полицискиот извештај, во авионот имало неколку лица и се верува дека сите загинале, а точниот број на жртви не е утврден, изјавил портпаролот на полицијата, пренесува АП. На автопатот нема повредени возачи, а на терен нема оштетени возила или објекти.
another footage of the accident zone pic.twitter.com/kHA48mAxoG
— BladudX (@BladudX) March 5, 2024
Управата на аеродромот во Нешвил соопшти дека Националниот одбор за безбедност на транспортот и Федералната администрација за авијација на САД ќе спроведат истрага за инцидентот.