Соединетите Држави денеска ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити „што е можно поскоро“ откако минатиот викенд насилството ескалира во островската држава и принуди уште 15.000 луѓе да избегаат поради судирите и вооружените напаѓачи кои упаднаа во најголемиот затвор во земјата.
САД соопштија дека американската амбасада денеска ќе предложи ограничени операции, додека Канада најави дека привремено ќе ја затвори својата амбасада, пренесува Ројтерс.
Хаити прогласи 72-часовна вонредна состојба и воведе полициски час, а владата на Хаити најави дека ќе започне потрага по убијци, киднапери и други криминалци за кои верува дека избегале од затвор откако бандите ги ослободија речиси сите затвореници мажи.