Здружението на припадници на безбедносни сили „Бедем“ денеска во Смилево ќе одржи Генерално собрание, на кое се очекува да присуствуваат 600 делегати.
Поканети да присуствуваат на Генералното собрание се и претставници на сите здруженија и организации на бранители во Македонија.
Пред споменикот на Дамјан Груев во Смилево, каде што ќе се одржи собирот, најавено е и обраќање на Јохан Тарчуловски.