Парите за субвенционираниот оброк студентите ќе ги добиваат неделно

Од:

Студентите од денеска парите за субвенциониран оброк ќе ги добиваат неделно односно 840 денари вкупно за шест дена во неделата наместо дневната исплата од 140 денари.

Тоа е овозможено со последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк и на барање на студентските организации.

Министерството за образование и наука информираше дека секој студент кој го остварува правото на субвенциониран студентски оброк од денеска на својата трансакциска сметка ќе добива 840 денари наменети за купување производи за прехрана и парите ќе може да се искористат од понеделник до сабота.

-На овој начин се зголемува практичноста на законското решение кое досега предвидуваше исплата на 140 денари на дневна основа, посочи МОН.

Нема промена во условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. Рокот за пријавување на студентите кои досега не го оствариле ова право или не ги исполнувале критериумите, е од 1 до 5 секој нареден месец преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk.

Би можело да ве интересира

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

A1on

Петрушевска: ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува студентските барања за измена и дополнување на Законот за студентски оброк

МОН: Студентите да ги подигнат наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк

Повик за субвенциониран студентски оброк за 2023/2024 година, дневниот износ 140 денари