Во израелските воени напади, најмалку 100 Палестинци загинаа, а уште 250 се ранети, додека толпата чекаше камиони со помош во градот Газа, соопшти денеска Канцеларијата за медиуми на палестинската управа во Газа под контрола на Хамас, пренесе Ројтерс.
Болницата Камал Адван во Газа прими тела на 10 мртви и десетици ранети Палестинци од западниот дел на градот Газа, изјави за Ројтерс шефот на болницата Хусам Абу Сафија.
„Не знаеме колку има во другите болници“, додаде тој.