Неколку лица биле забележани вечерва во Атлантскиот Океан, откако хеликоптер кој претходно испратил аларм исчезнал кај брегот на Норвешка, соопшти норвешката спасувачка служба.
Спасувачката операција е во тек, а не се знае колку луѓе имало во хеликоптерот, пренесува Ројтерс.
Норвешкиот јавен сервис НРК јавува дека на местото на инцидентот западно од градот Берген има неколку возила за итна помош.
Директорката на Бристу Норвешка Хајди Волф Бројк изјави дека хеликоптерот припаѓа на компанијата која превезува екипажи до нафтените инсталации во Северното Море.