Здружението на јавни обвинители реагира по најавените законски измени за платите

Од:

Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители смета дека со измените на Законите за плати на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители не се придонесува кон креирање на финансиска независност на Јавното обвинителство во целина согласно меѓународните стандарди, се вели во пишаната реакција од Здружението на јавните обвинители.

– Ова особено поради фактот дека токму постоењето на посебни закони за плати на јавните обвинители во кои е наведена забрана за какво било намалување на платите со измени во закон, треба да ја гарантира независноста на јавните обвинители во вршењето на функцијата. Примањата по основ на плата се единствени приходи на јавните обвинители, имајќи ги предвид законските ограничувања за вршење на каква било друга дејност, се подвлекува во реакцијата.

Здружението на јавните обвинители, подвлекуваат, го поддржува повикот на Здружението на судии во врска со Законите за плати на судиите и Законот за плати на членовите на Судскиот совет и во иста насока реагира на измените во Законите за плати на јавните обвинители и на членовите на Советот на јавните обвинители.

Собранието денеска во рамки на 145. пленарна седница ја изгласа потребата од носење на законски измени на шест закони со цел да се ограничи можноста за ново покачување на платите на избраните и именувани лица. Меѓу законите што ќе претрпат измени се и Законот за плати на јавните обвинители, Законот за плати на членовите на Советот на јавни обвинители, Законот за плати на судиите и Законот за плати на членовите на Судскиот совет.

Би можело да ве интересира

САД: Јавните обвинители побараа мирен трансфер на власта

Помина времето кога политичари можеа да влијаат на судии, вели Мицкоски

ГРЕКО бара испитување на имотот на пратеници и судии, како и правила за подароци за обвинителите

A1on

Ние сме мала земја со многу јавни тајни и малку разрешници, кажа Грковска на дебата за Законот за конфискација

Штрајкуваат обвинителите – бараат зголемување на платите за 78 отсто

А1он

OJO: Мал број обвинители, а многу работа, се намалија заостанатите нерешени предмети