Хрватскиот стручњак Бранко Иванковиќ денеска стана нов селектор на кинеската фудбалска репрезентација, на местото на Србинот Александар Јанковиќ, кој неодамна поднесе оставка.
„Како дел од подготовките за продолжението од квалификациите за СП 2026 година, Фудбалскиот сојуз по стручна проценка одлучи да го ангажира Иванковиќ за нов селектор на националниот тим“, стои во соопштението на Кинеската фудбалска федерација.
Иванковиќ (69) на кинеската клупа ќе дебитира во март против Сингапур во квалификацискиот натпревар за СП 2026 година. Иванковиќ и претходно има работено во Кина, како тренер на Шандонг, тој беше шампион во 2010 година.