Зеленски бара 500 илјади војници, се намалува старосната граница за мобилизација

Од:

Во украинскиот парламент моментално се расправа за измените на законот за мобилизација, а се очекува новите правила да бидат усвоени за неколку недели, пишува CNN.

Се верува дека реформите всушност значително ќе го зголемат бројот на мобилизирани Украинци, што е една од точките на спор меѓу сменетиот врховен командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Залужни своевремено реагираше на изјавата на Зеленски дека на Украина и се потребни уште 500.000 војници, велејќи му на претседателот дека нема да може да ја постигне таа бројка без воведување непопуларни мерки.

Залужни неодамна беше сменет од функцијата, на негово место е назначен генерал Сирски, а ситуацијата на фронтот излегува од контрола. Има недостиг од муниција, војници, ветената помош ја нема, а севкупната светска поддршка за Украина рапидно се намалува.

Многу Украинци доброволно се пријавија да се приклучат на војската кога Русија изврши инвазија, но сега ситуацијата е сосема поинаква, особено по неуспешната контраофанзива, а украинската армија испраќа агенти за регрутирање низ целата земја за да ги „фатат“ оние што бегаат од војната.

Во Украина, мажите и жените на возраст меѓу 18 и 59 години можат да служат војска, додека мобилизацијата важи за граѓаните постари од 26 години. Реформата за која во моментов разговараат парламентарците ќе ја намали минималната возраст за мобилизација на 25 години.

Исто така, законот планира да воведе построги казни за избегнување мобилизација, што може да вклучи суспендирање на возачката дозвола или банкарската сметка.

Поради тековната воена состојба во Украина, на мажите кои се на возраст за регрутирање им е забрането да ја напуштаат земјата, со исклучок на самохрани родители и професионални спортисти.

Некои Украинци се обидуваат илегално да ја напуштат земјата, а казната за обид за бегство од земјата обично изнесува 204 евра.

За тоа време, жените протестираат пред украинскиот парламент, кои сметаат дека мобилизацијата може да биде фер само доколку семејството има улога во процесот на донесување одлуки. Бараат мажите брзо да се вратат дома, односно сакаат мобилизација до одреден рок, а не на неодредено време.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски