Најмалку 11 лица загинаа, а четворица се повредени кога зграда во фабрика за бои во Њу Делхи се урна по експлозија и пожар, изјави претставник на противпожарната служба.
Пожар избувна синоќа во северниот дел на индиската престолнина по експлозија во фабрика, а пожарот зафатил два магацини и центар за лекување на зависности кои се наоѓаат во близина, јавува индиската NDTV.
Претставник на противпожарната служба изјави дека на местото на настанот се испратени шест противпожарни возила и дека пожарот е ставен под контрола во рок од четири часа.
Четири лица повредени во пожарот, меѓу кои и еден полицаец, се згрижени, а се стравува дека уште две лица се заробени во урнатините.
Пред избувнувањето на пожарот се слушнала експлозија во фабриката, а властите се сомневаат дека експлозијата била предизвикана од хемикалии складирани таму, јави NDTV.