Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжи судскиот процес „Фаланга два“. Исказ на ова рочиште се очекува да даде и поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман, кој е дел од групата 16 приведени во акцијата.
Кузман се товари за злоупотреба на службената положба, бидејќи нелегално издал согласност на две лица да вршат ископувања во околината на Катланово и кај Делчево.
Судскиот процес почна на 16-ти септември кога исказ пред Судот даде првообвинетиот Илчо Бојчевски, кој бил раководител на Одделението за превенција на културното наследство при Управата за заштита на културното наследство.
Со одлука на Кривичниот суд во Скопје на 30 август на Паско Кузман му беше продолжен домашниот притвор за уште еден месец.