Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври денеска се искачи на 28.663, додека 68.395 лица се ранети, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство во Газа.
Министерството додава дека во последните 24 часа загинале 87 Палестинци, а 104 се ранети.