Би-Би-Си објави шокантна репортажа од Авдивка, град во источна Украина, кој руските сили се обидуваат да го освојат со месеци и го претворија во урнатини. Според последните информации, падот на Авдивка е само прашање на време.
Како што руската инвазија се приближува кон крајот на својата втора година, расположението меѓу украинските бранители се влошува. Исцрпеноста, фрустрацијата од недостигот на оружје и сознанието дека нема да има брза воена победа – сето тоа си го зема данокот.
„Мојот најдобар пријател беше убиен утрово“, извикуваше еден брадест војник, кажуваше пцости додека се пробиваше низ вратата. Неколку моменти подоцна, беа доенсени уште двајца ранети мажи. 48-годишниот Вадим беше погоден од шрапнел во надлактицата тоа утро додека неговата единица нападна руска позиција во Авдивка.
„Таму е многу тешко“, рече тој додека хирургот, постар поручник по име Виталиј, дојде да ја погледне раната и двајца армиски лекари ја сечеа валканата униформа на Вадим. „Немаме доволно оружје, што ни е очајно потребно“, додава тој.
„Тешко е. Непријателот има многу од се, секаква опрема, а ние немаме речиси ништо“, рече уште еден ранет, 24-годишниот Андриј. Руска артилериска граната го погоди неговиот ров во текот на ноќта, парче шрапнел му го прободе глуждот.
Хирургот Виталиј пред војната работел во детска болница. Тој уморно зборуваше за своето искуство со ампутирање на екстремитетите минатата година за време на неуспешната украинска контраофанзива низ руските мински полиња и за навидум бескрајната рехабилитација на рани од шрапнел.
„Го повикувам Западот да биде поодлучен во помагањето на Украина, бидејќи ако не го сторат тоа, порано или подоцна нивните војници ќе мора да се борат против ова зло што ја нападна нашата земја“, рече тој.
По неколкумесечни борби, силите на Кремљ се чини дека се блиску до урнатините на Авдивка, а некои украински војници приватно признаа дека градот, местото на некои од најжестоките борби во војната досега, може да падне во секој момент. „Вознемирени сме“, рече украинскиот офицер Олексиј од 110-та механизирана бригада на Украина, стоејќи покрај огромен подвижен топ додека звукот на руските пушки татнеше во далечината.
Мобилниот топ од чешко производство има магацин во кој се наоѓаат 36 гранати кои можат да се испукаат една по друга. Меѓутоа, додека минатата година тој рутински истрелуваше по 80 гранати на ден врз руските позиции околу Авдивка, тој повеќе не го прави тоа.
„Во моментов имаме две гранати, но немаме (експлозивни) полнења за нив… така што не можеме да ги испукаме“, рече Олексеј. Тој посочи дека недостигот на муниција бил широко распространет и имал драматично влијание врз борбите во Авдијивка.
„Чувствуваме голема одговорност за нашите момци кои моментално се борат во градот, вооружени само со автомати. Ситуацијата ја спореди со почетокот на 2022 година кога исто така имаше недостиг на муниција и тој беше ранет.
Загрижен сум дека и сега ќе имаме голем број жртви, како што бев сведок тогаш во воената болница“, рече Олексиј.
Хирургот Виталиј не ја прифаќа идејата идејата дека некои украински војници можеби намерно добиваат смрзнатини за да избегнат пеколни услови на фронтот.
„Тоа е апсурдно. Тој би морал да биде целосен идиот. Ние немаме такви дезертери и никогаш не сум наишол на таква ситуација. Напротив, нашите борци се решени да останат“, рече тој.
„Но, условите се екстремни и тие мора да седат во ровови на -15 или -20, бидејќи секоја топлина ќе биде видлива (за Русите) преку уредите за термичка слика“, додава тој.
Никој нема да ги брани купиштата урнатини и изгореното железо во Авдивка, изјави вчера Дмитро Лихови, портпарол на украинските вооружени сили во регионот Таури. Според него, приоритет на воената команда е да ги зачува животите на бранителите на тој уништен град на истокот на Украина.
Руските сили со месеци се обидуваат да го освојат Авдивка, стратешки важен град на истокот на Украина. Во последно време Русите постигнаа голем напредок и прекинаа неколку важни патишта за снабдување. Падот на Авдивка се очекува да биде прашање на денови, а доколку и кога се случи, тоа ќе биде првиот украински град заземен од Русите во последните осум месеци.
„Во моментите кога ситуацијата на фронтот станува исклучително тешка, најважно е да се спасат животите на војниците и да се однесат на друга линија на фронтот. Мораме да бидеме флексибилни и да маневрираме за да ги спасиме војниците за понатамошни борбени операции, за ослободување на украинска територија“, изјави денеска Лихови, а пренесуваат украинските медиуми. Неговите зборови на проукраинските Телеграмски канали се толкуваат како најава за повлекување на украинските сили од Авдивка.
Портпаролот рече дека уништувањето на Авдивка и околните населби покажува во што може да се претворат другите украински села и градови доколку фронтовите се движат на запад.
Портпаролот тврди дека командата на армијата подготвила резервни рути за снабдување во случај руските сили да ја пресечат главната логистичка рута во градот. Сепак, додаде дека од безбедносни причини, вооружените сили не ја коментираат ситуацијата во Авдивка во реално време, што значи дека оваа рута можеби е веќе пресечена, за што веќе се шират неофицијални информации на проукраинските телеграмски канали.