Во полуфиналето на Светското првенство се пласираа ватерполистите на Франција кои денеска ја совладаа селекцијата на Унгарија со резултат 11:10 (2:5, 1:3, 3:1, 5:2) во четврт-финале.
Најефикасен кај францускиот тим беше Томаш Верна со четири гола, додека Хуго Крузија додаде три гола.
Во селекцијата на Унгарија се истакна Ѓорѓо Заланки со три гола.