МЗШВ: Преку измени во Уредбата за директни плаќања создадовме услови за непречена исплата на субвенциите до земјоделците со истечени договори за закуп, во време на изборниот процес

Од:

Водиме грижа за секој земјоделец и овозможуваме непречена исплата на субвенциите. Како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои измената на Уредбата за директни плаќања за 2024 година, извести МЗШВ

„Измената на Уредбата е во насока да овозможи право за субвенции на сите земјоделци на кои во овие месеци за време на изборниот процес, имаат истечени или ќе им истечат договорите за закуп на земјоделско земјиште.

Земјоделците правото на субвенциите ќе можат да го остварат врз основа на старите договори. Продолжувањето на договорите ќе се изврши веднаш по завршувањето на изборниот процес, продолжувајќи се на 15 години согласно последните измени во законот за земјоделско земјиште.

Дополнително со измените во Уредбата се врши бришење на скалестата пресметка на висината на директните плаќања за подмерката 2.13.- Директни плаќања за продадени или заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети.

Секторот свињарство последните 2 години беше соочен со голем предизвик во справувањето со појавата на афринската свинска чума, па ваквата измена на Уредбата дава зголемена поддршка за производителите на свинско месо“, се вели во известувањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата