Утрово Русија со проектили и беспилотни летала го нападна централниот украински град Днипро, а украинските власти и медиумите јавија дека е оштетена електраната и прекинато е снабдувањето со вода на некои жители. Градот со нешто помалку од милион жители бил нападнат со проектил и четири групи беспилотни летала кои се приближувале од југ, исток и север, соопшти украинското воздухопловство на апликацијата за пораки Телеграм.
🔴🔴🔴A series of explosions in #Dnipro
Heating power and water supply were partially lost in the city.
The mayor of Dnipro said that the occupiers also hit civilian infrastructure. pic.twitter.com/ZjzQqgUYxK— 🇺🇦 paolo rel (@paolobucci18) February 13, 2024
Најголемиот украински приватен снабдувач со енергија ДТЕК извести дека термоцентралата е значително оштетена, но нема жртви. Компанијата не соопшти каде се наоѓа електраната, но водостопанството Днипро на Телеграм објави дека „поради прекин на струја“ делумно е прекинато водоснабдувањето, а украинските медиуми објавија дека е зафатена електраната Днипро.
Градоначалникот на Днепро, Борис Филатов, рече дека инфраструктурата е погодена, но не даде дополнителни детали. Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите, а руското Министерство за одбрана не одговори веднаш на барањето за коментар.
И Русија и Украина ги засилија своите воздушни напади далеку од првите линии на фронтот во последните месеци, насочени кон критичната енергетска, воена и транспортна инфраструктура.