Директорот на Киевскиот институт за форензички истраги, Олександар Рувин, денеска изјави дека Русија ја користела хиперсоничната ракета „Циркон“.
Ракетата беше употребена за време на нападот врз Украина минатата недела.
„За тоа сведочат ознаките на деловите и фрагментите, идентификацијата на компонентите и деловите, како и карактеристиките што одговараат на тој тип на оружје“, рече Рувин, а пренесе Ројтерс.
Тој објави прелиминарна анализа на нападот на неговиот канал Телеграм.
Нападот во кој се користи „Циркон“ се случи на 7 февруари.