Поскапуваат горивата

Од:

Од полноќ поскапуваат горивата од пола до денар и пол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС-95 поскапува за пола денар и ќе се продава по цена од 81 денар за литар, Еуросупер БС-98 поскапува за еден денар и од полноќ новата цена ќе биде 83,50 ден/литар.

Дизелот поскапува за денар и пол и тој ќе се продава по цена од 79,50 ден/лит.

За пола денар се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое од полноќ ќе се продава по цена од 76,50 ден/лит.

Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,620 ден/кг, во однос на претходно утврдената цена. Новата цена на мазутот ќе биде 40,732 ден/кг.

Би можело да ве интересира

Поевтинуваат горивата

Горан Наумовски

Поевтинуваат горивата

Нови цени на горивата

Скок на цените на горивата

Катерина Ѓуровски

Нови цени на горивата

Поскапуваат горивата од полноќ

Орце Костов