Израелската армија објави дека ослободила двајца заложници за време на рацијата на нејзините специјални сили синоќа во Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа. Заложниците биле однесени во болницата Шеба во централниот дел на Израел каде што биле прегледани и било утврдено дека се во добра состојба.
Overnight in a daring operation in Gaza, Israeli security forces rescued 2 hostages:
Fernando Simon Marman (60) and Louis Har (70), who were kidnapped by Hamas terrorists on October 7th from Kibbutz Nir Yitzhak.
They are both in good medical condition and were transferred for… pic.twitter.com/HlMAKeUjwP
— Israel ישראל 🇮🇱 (@Israel) February 12, 2024
Армијата објави дека се ослободени 60-годишниот Фернандо Симон Марман и 70-годишниот Луис Хар. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант на X, поранешен Твитер, објави дека станува збор за „импресивна операција за ослободување“, додавајќи дека ја следи операцијата од Командниот центар заедно со премиерот Бенјамин Нетанјаху и високи воени команданти.
Според CNN, и двајцата заложници биле киднапирани од Кибуц Нир Јицак на 7 октомври за време на упадот на Хамас во јужен Израел. Исламистичките милитанти во таа прилика убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, а околу 240 од нив киднапираа и ги одведоа во Газа.