Хеликоптер со шест лица се урна во пустината Мохаве, а притоа загинале сите кои биле во леталото.
Несреќата се случила на околу 150 километри од Лас Вегас. Хеликоптерот полетал од Палм Спрингс, упатувајќи се кон Болдер Сити во Невада.
Полицијата не успеала да најде преживеани, а на теренот излегла управата за безбедност при авиотранспорт на САД, за да истражи кои биле причините за несреќата.