Екипа на руска пешадија пеш влегла во Авдијевка, демонстрирајќи ги сите опасности од бруталната, четиримесечна битка за разурнатиот град.
Тој град се наоѓа северозападно од Доњецк, кој беше окупиран од Русија во источна Украина, пишува Форбс.
Украински дрон забележал шест руски војници како се приближуваат кон градот од север. Но, еден дрон – или повеќе – ги нападна Русите со гранати, нанесувајќи им жртви. Но, не пред Русите да стигнат на 700 метри од улицата Хрушевски, главната рута за снабдување во центарот на градот Авдијевка, каде што е стационирана уморната 110-та механизирана бригада на украинската армија откако Русија ја прошири војната против Украина пред две години.
Како што е веќе познато, на 110-та бригада и на нејзините соседни единици им снемува пешадија, муниција и време, бидејќи руската армија става се повеќе војници во мелницата за месо во Авдијевка.
Од првиот напад на Авдијевка на почетокот на октомври, руската 2-ра и 41-ва комбинирана армија претрпеле катастрофални загуби од украински мини, артилерија, беспилотни летала, пешадија и механизирани контранапади.
Само во првите два месеци Русите загубила 13 илјади војници кои биле или убиени или тешко ранети, а стотици борбени возила исто така беа уништени или напуштени. Но, руските загуби можеби се удвоија оттогаш.
И покрај сè, Кремљ го направи заземањето или уништувањето на Авдијивка своја главна цел, бидејќи нејзината трета годишна зимска офанзива во Украина кулминира. Русите напредуваа неколку стотици метри по неколку други сектори на фронтот. Но, северно и јужно од Авдијевка, тие ги истуркаа Украинџите назад со километри.