Во правец на Купјанск, ситуацијата е многу тешка за украинската армија, имајќи предвид дека руските сили се борат „со математичка прецизност“, изјави пензионираниот генерал на украинската армија Сергеј Кривонос, пренесува Спутник.
„Неколку пати го свртев вниманието на ситуацијата на правецот Купјанск, го повикав раководството да ги следи случувањата на тој дел од фронтот бидејќи руските сили се борат многу паметно, обидувајќи се да ги спроведат сите можни опции“, рече тој.
Според него, Украина наскоро би можела да ја изгуби контролата над пругата на тој дел од територијата, а тоа е моќна работа што ќе им овозможи на руските сили да преместат огромен дел од своите сили по целата линија на фронтот.