Најмалку девет лица загинаа во израелското бомбардирање на Газа

Од:

Најмалку девет лица, вклучително и деца и жени, загинаа во израелските воздушни напади во текот на ноќта врз централниот дел на Појасот Газа и јужниот град Рафах на границата со Египет, изјавија очевидци и болнички службеници.

Очевидци изјавија дека нападот погодил станбена зграда во Рафах, како и градинка која била претворена во засолниште за раселените во централниот град Заваида, пренесува Тајмс оф Израел.

Се наведува дека во нападите се повредени неутврден број луѓе и дека се префрлени во блиските болници. Повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Појасот Газа побегнаа во Рафах, по наредбите за евакуација издадени од Израел додека ескалира копнената офанзива.

Наредбите за евакуација сега покриваат две третини од Појасот Газа. Израелските воздушни напади во текот на ноќта беа извршени неколку часа откако американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека верува оти операцијата што Израел ја спроведува против Хамас е „прекумерна“. Според Си-Ен-Ен, тоа е еден од најострите прекори што Бајден досега ги упатил против операцијата на Израел во Газа.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас