Црвенокосите луѓе се појавиле пред 50.000 години

Од:

Луѓето почнале да добиваат црвени влакна кога ја напуштиле Афика и се преселиле во постудените предели во Европа пред 50.000 години, тврдат шпански научници.

Светлиот тен и црвената коса првпат се појавиле во време кога луѓето се доселиле во Европа, а генот кој ги предизвикува овие промени и понатаму е доминантен на јужнот дел на стариот континет.

Познат како „V60L alel“, генот влијаел кожата на луѓето да биде посветла со самото тоа што добивале помалку витамин Д затоа што повеќе не биле изложени на силното африканско сонце, наведуваат истражувачите во студија објавена во стручното списание „Молекуларна биологија и еволуција“ (Molecular Biology and Evolution).

Овој, ген, меѓутоа, со себе носи ризик од меланом, тежок облик на рак на кожата.

Истражувачите до ова откритие дошле проучувајќи ја еволуцијата на одделни гени на 1.000 луѓе од Шпанија.

– Станува збор за колатерална штета по здравјето како последица на депигментација, објасни авторот на студијата, др. Сајола Лопес.

Би можело да ве интересира

Необични стандарди за женската убавина ширум Азија

Ана Ололовска

Третманите со пијавици се уште популарни во Русија

Ана Ололовска

Женската убавина пред 100 години

Ана Ололовска

Дваесет земји во кои живеат најубавите девојки

Ана Ололовска

ФОТО: Има 70 години, а изгледа двојно помладо

Ана Ололовска

ФОТО: Бизарни и болни начини за разубавување на старите холивудски диви

Ана Ололовска