Валери Залужни се повлекува, ќе стане амбасадор

Од:

Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни се согласи да стане амбасадор на Украина во Велика Британија.

Ова го соопшти пратеникот на Врховната рада, Евгениј Шевченко, пренесува РИА Новости.

Гласините за евентуална оставка на Залужни во последните денови на големо се дискутираа во украинските и западните медиуми. Конкретно беше кажано дека Зеленски на средбата на 29 јануари му понудил на врховниот командант само функција советник.

Иако, како што напиша магазинот Економист, на Залужни му била понудена и функцијата секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, но тој ја одбил.

Медиумите како веројатни наследници на Залужни на чело на вооружените сили ги наведоа шефот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, Кирил Буданов и командантот на копнените сили Александар Сирски. Двајцата наводно одбиле.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во неделата за прв пат потврди дека има намера да го смени врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни. Зеленски за италијанската телевизија РАИ1 изјави дека размислува и за разрешување на други високи функционери.

„Неопходен е нов почеток. Кога зборуваме за тоа, мислам на разрешување на голем број водечки државни функционери, не само отпуштање во воената сфера. Размислувам за отпуштање на (Залужни). Тоа е точно. Прашањето се однесува на целата лидерска група која ја води државата“, рече Зеленски на прашање за несогласувања со Залужни.

Киев неодамна ја информираше Белата куќа дека Зеленски одлучил да го замени Залужни. „Вашингтон пост“ наведува дека САД не ја поддржале одлуката на Зеленски, но не се спротивставиле, велејќи дека е негово право да носи такви одлуки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски