Руската служба за безбедност (ФСБ) спречила терористички напад организиран од Службата за безбедност на Украина (СБУ) врз еден од лидерите на Крим.
„На Крим, офицерите на ФСБ на Русија приведоа група луѓе составена од руски државјани В. А. Боднар, О. В. Шевченко и В. Крим. Уапсените ја признаа вината“, се наведува во соопштението на Центарот за односи со јавноста на разузнавачката служба, пренесува РИА Новости.
Од осомничените е земена радиоконтролирана импровизирана експлозивна направа (ИЕД) со кумулативно дејство, изработена од модифицирана противтенковска противвоздушна мина ДМ22 од германско производство со високо експлозивно полнење на база на РДКС, тешка 1,9 килограми.