Најмалку 92 лица загинаа во израелските напади синоќа, соопшти утрово Министерството за здравство во Газа, кое го води Хамас.
Министерството тврди дека била погодена и градинка во Рафах на југот на Појасот Газа, каде што населението се преселило од северниот дел на палестинската енклава, пишува Тајмс оф Израел, јави Танјуг.
Стотици илјади жители на Газа се прелеаја во најјужниот град Рафах, бегајќи од борбите на друго место во палестинската енклава и по повиците на израелската војска да се евакуираат на побезбедниот југ од Појасот Газа.