Поаѓајќи од медиумскиот интерес и општото јавно мислење, сакам да ве информирам дека Алијансата за Албанците нема разгледано никакви барања до нејзините партиски органи, Управниот совет, Централното претседателство и Централното собрание во однос на предизборните коалиции, напиша на својот фејсбук профил Генералниот секретар на АА, Кренер Лога.
„Во сила е одлуката на Централното Претседателство, која е изгласана едногласно Алијансата за Албанците да оди сама на избори. Го повикувам Собранието на АА да се придржува до едногласниот предлог на Претседателството“, напиша Лога.
Претходно, Таравари на фејсбук објави: „Граѓанинот бара Промена! Народот бара политички систем ослободен од корупциската епидемија, која стана најголема пречка за благосостојбата и развојот на Албанците во Северна Македонија. Како претседател на Алијанса за Албанците, јавно го повикувам партиското Собрание да ме поддржи на ова патување и заедно да го поздравиме овој процес кој го нарекувам голема и долго чека на промена“.