Бројот на убиени Палестинци од почетокот на израелската операција во Појасот Газа надмина 27.000, соопшти денеска Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас.
„Од 7 октомври минатата година, бројот на загинати во израелска агресија е зголемен на 27.019, а ранети се 66.139 лица“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесува Тас.
Се додава дека во претходните 24 часа загинале 118 лица, додека 190 се повредени. Хамас забележува дека многу тела се уште се под урнатините.