На собраниската Комисија за избори и именувања изгласан предлогот за Павловска Данева за кандидат за уставен судија

Од:

Собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на продолжението на денешната седница, со седум гласа „за“ и три против, го изгласа предлогот за Ана Павловска Данева за кандидат за уставен судија.

Претходно, беше затворена расправата по повод предлог кандидатот за уставен судија. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска останаа на ставот дека предлогот професорката Ана Павлова Данева да се избере за нов уставен судија е партиски. Пратениците од власта, пак, оценија дека опозицијата не истакнала ниту еден издржан аргумент зошто кандидатот не би можел да биде судија.

Пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека народот се борел со сиромаштија за време на оваа власт а оваа власт ја поддржала за уставен судија, кандидатката која била и поранешен потпретседател на партијата на власт. Петрушевска рече дека требало да се повлече од номинација.

– Номинацијата што се обидувате да ја протнете на помалку од сто дена пред избори, зборува дека сериозно се подготвувате за еден голем пораз и правите очајнички обиди пред заминување, рече таа, додавајќи дека за ова власта ќе била казнета од народот а била и лошо оценета од извештаите на странските претставници на меѓународната заедница во земјава. Со ова, рече, ја заокружувате целосната партизација на Уставниот суд и директно се напаѓа уставниот поредок на државата. Одговорност за тоа, додаде, ќе мора да има рече. Кандидатката ја нарече фејсбук правен експерт на батерии и учесник кој требало да се огради од шарената револуција и да се извини. Таа, нагласи, не се оградила од штетните политики на СДСМ.

– Таа не треба да биде уставен судија, таа нема да ја има мојата поддршка, подвлече Петрушевска.

Снежана Калевска Ванчева од СДСМ рече дека немало конструктивна критика во говорот на Петрушевска, иако очекувала.

– Имавте седум години да се оградите од штетните политики на тогашното ВМРО ДПМНЕ кое за 11 години успеа да ја зароби државата. Токму тоа доведе до тоа, секој демократ да излезе во шарена револуција. Во револуцијата учествуваа способни кадри од различни професии. Со една мисла, да не се повтори тоа што го имавме. Делата говорат за неа, а тие се многубројни. Правните експерти што ја оцениле лошо Данева се всушност на батерии. Кога нема што да се каже, нешто суштинско, се оди со дисквалификации. Очекував да се надминете себеси и и дека за ваков предлог ќе гласаме со консензус и да се комплетира уставниот суд. Очекувам барем дел од вас дека ќе успеат да се надминат и да гласаат за неа, нагласи Калевска Ванчева.

Д-р Ана Павловска-Данева е редовен професор на научната област Административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Родена на 22.02.1973 година во Скопје. Студиите ги започнала на Правниот факултет при Московскиот Државен Универзитет „М.В. Ломоносов“ во Москва, а во 1993 година дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала во 1998 година на тема „Омбудсман – заштитник на правата и слободите на граѓаните“. Истата година била избрана за помлад асистент на научната област Управно право на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а веќе следната 1999 година била избрана за асистент. Во 2004 година, се стекнала со научен степен доктор на правни науки, со одбрана на докторската дисертација на тема „Управни договори“ и е избрана за доцент на научната област управно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, по што напредува во звањата и станува вонреден професор (2009 година) и редовен професор (2013 година).

Предлогот Данева да биде нова уставна судијка дојде откако на 24 јануари во Собранието по речиси година и половина расправа беше повлечен предлогот за Љубомир Јовески да биде уставен судија.

Би можело да ве интересира

Димитровска: ДКСК постигна значителен успех во борба против корупцијата

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Комисијата за финансирање и буџет разгледа и не усвои осум амандмани за ребалансот на Буџетот

Измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри го поминаа комисискиот филтер

А1он

Утре продолжува комисиската расправа за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски

Седници на комисиите за европски прашања и за политички систем и односи меѓу заедниците