Со настап на Давид Нешкоски трио, а потоа и со концерт на еден од најдобрите европски блуз бендови предводени од Хенрик Фраишладер од Германија, вечер во Универзалната сала во Скопје, почнува Блуз и соул фестивал 2013.
На втората фестивалска вечер ќе настапи една од најдобрите Чикаго блуз вокалистки Дитра Фар од САД во придружба на Рафаел Вресниг и неговиот состав од Австрија.
На последниот ден од Фестивалот, на 22 септември, ќе настапи најновата сензација на британската блуз сцена Врџил енд Акцелерејторс.