Потврдено е обвинението против убиецот Урош и неговиот татко Радиша

Од:

Судот во Смедерево го потврди обвинението против Урош Б., осомничен за убиство на девет лица во селата Дубона и Мало Орашје во мај минатата година, како и против неговиот татко Радиш Б., јавува РТС.

Вишиот суд во Смедерево се прогласи за ненадлежен во однос на обвинетите Г.Г. и Б.Г. од Вињиште, односно вујко и брат на обвинетите за масакрот, со оглед дека над нив е надлежен Вишиот суд во Крагуевац, па ќе ги достави списите на предметот врз основа на правосилноста на обвинителниот акт.

Одбраната има право на жалба на оваа судска одлука до Апелациониот суд во Белград.

Со обвинението, освен Урош Б., обвинителството ги обвини и неговиот татко Радиша Б., вујко Г. Г. и братот на вујкото Б. Г.

За тешко убиство е обвинет Урош Б., а за недозволено изработување и држење оружје и киднапирање тој и неговиот татко Радиша Б.

Истрагата утврдила дека Радиша Б. во куќата во која живеел чувал поголема количина огнено оружје, муниција и експлозивни материјали и тоа еден пиштол, еден револвер, 241 парче куршуми различен калибар, црн прав во вкупна количина од 854,38 грама, како и различни делови за оружје.

За недозволено изработување, држење и носење оружје и експлозивни материјали обвинети се и Г.Г. и Б.Г. од Крагуевац.

Уроша Б. е обвинет дека на 4 мај во селата Мало Орашје кај Смедерево и Дубон кај Младеновац убил девет лица, од кои две малолетни, пукајќи од автоматска пушка и пиштол.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи сакале да ја запалат куќата на обвинетиот за масакрот кај Младеновац

Мајка на две убиени деца во масакрот кај Младеновац: „Немам деца, болката се засилува, секое судење ни е се потешко затоа што мораме да го гледаме“

А1он

Убиецот од Младеновац доби закана: Цел живот ќе те чекам, се заколнав дека ќе се одмаздам

Горан Наумовски

Урош Блажиќ ја призна вината

Горан Наумовски

Урош Блажиќ призна сѐ: Убиецот од Младедонав даде своја одбрана за извршениот масакр

Родителите на жртвите го нападнаа масовниот убиец од Младеновац