Средба на турски и македонски стопанственици

Од:

Воспоставување деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности е целта на делегацијата од дваесетина турски компании, членови на Стопанската комора на Бергама, која до 21. септември престојува во посета на Република Македонија.

Турската бизнис-делегација ја сочинуваат реномирани компании од oбласта на земјоделие и прехранбена индустрија, недвижности, производство на мебел, земјоделска механизација, градежништво, текстил и друго.

Поради пројавениот голем интерес од страна на турските компании за средба со македонските компании, Стопанската комора на Македонија организира и деловни средби заради зголемување на бизнис-релациите меѓу двете држави, како и идентификување нови можности и алатки за соработка.

По завршувањето на официјалниот дел ќе бидат организирани деловни средби меѓу македонски и турски компании, со можност за започнување успешна деловна соработка.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница