Руската истражна комисија објави видео од украински воени затвореници како се качуваат на авион кој подоцна се урна на југот на земјата.
Москва го обвинува Киев дека во средата соборил авион во руската област Белгород, при што загинале 74 лица, вклучително и 65 заробени украински војници кои требало да бидат разменети за руски воени заробеници.
Russia’s Federal Investigative Committee has released (very grainy) footage that purportedly shows the Ukrainian POWs being loaded onto the Il-76 military transport plane that was shot down on Wednesday. https://t.co/IbGaJ3iqFW pic.twitter.com/ZaQ4xKJVwh
— Kevin Rothrock (@KevinRothrock) January 26, 2024
Руската комисија објави видео на Telegram на кое се гледа како возилата се приближуваат до авионот Иљушин-76 на снежниот аеродром. Се гледаат поединци како излегуваат од возилото како подготовка за качување.
Видеото нема звук и е придружено со само едно објаснување дека на него се гледаат украински војници како се качуваат во воен авион. Локацијата не е одредена.
Немаше официјални украински коментари на видеото. Украинското радио НВ коментираше: „Поради слабиот квалитет на видеото, тешко е да се разбере што точно се случува“.
Кирило Буданов, началникот на Управата за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, на официјалната комисија која се занимава со третманот на украинските воени затвореници изјави дека Киев во моментов нема „веродостојни и сеопфатни информации“ за тоа кој бил во авионот.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека рускиот воен авион што се урна во близина на границата со Украина бил соборен од украинската противвоздушна одбрана.