ВИДЕО: Стигна казната за Трамп, треба да плати неверојатни 83,3 милиони долари

Од:

Донесена е пресуда за поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, веројатниот републикански кандидат на овогодинешните претседателски избори, во случајот со тужбата за клевета на колумнистката Елизабет Џин Керол.

Федералната порота му нареди на Трамп да плати 18,3 милиони долари компензација на колумнистката и уште 65 милиони долари за казнена отштета. Станува збор за сумата што Трамп мора да ја плати на Е.Џин Керол и сумата што ја претставува казната.

Вкупната сума што треба да ја плати Трамп изнесува 83,3 милиони долари.

Керол (80) го тужеше Трамп во ноември 2019 година за клевета, додека, пет месеци претходно, тој негираше дека ја силувал во средината на 1990-тите во соблекувалната на стоковната куќа Бергдорф Гудман на Менхетен. Таа го обвини дека и ја уништил репутацијата на доверлив новинар кој ја зборува вистината.

Додека се читаше одлуката, Керол, која седеше во првиот ред, цело време ги држеше рацете на својот адвокат. Нејзините двајца водечки адвокати и таа се прегрнаа по читањето на пресудата.

Трамп не се појави на изрекувањето на пресудата.

Инаку, судијата пред да ја прочита пресудата предупреди дека нема да толерира испади.

Доналд Трамп тврдеше дека никогаш не слушнал за Керол и дека таа ја измислила својата приказна за да ја зголеми продажбата на нејзините мемоари.

Пред крајот на судењето што се одржа во Њујорк, Трамп повторно ги негираше обвинувањата на Џин Керол, која во овој случај побара од него уште најмалку 10 милиони долари отштета и казнена отштета за, меѓу другото, да го спречи Трамп да продолжи со негирањата. Да потсетиме, беше спроведен уште еден процес во кој Трамп беше прогласен за виновен за сексуален напад на Керол и клевета.

Поранешниот американски претседател помина четири минути на говорницата на сведоците откако адвокатите на Е. Џин Керол ја претставија својата верзија за случајот. Судијата го отфрли предлогот на поранешниот американски претседател за отфрлање на тужбата.

Трамп рече дека „100 отсто“ останува на својата претходна изјава, во која тој тврдеше дека не е виновен за ниту едно од обвиненијата против него.

Трамп го искористи случајот и неговите други правни проблеми за да ја зајакне својата кампања за повторно преземање на Белата куќа на изборите во ноември, во веројатна пресметка со демократот Џо Бајден, кој го порази во 2020 година.

Трамп се соочува со четири кривични обвиненија, вклучително и две обвиненија дека се обидел незаконски да го поништи поразот на изборите во 2020. Тој се изјасни дека не е виновен по сите точки од обвинението, прикажувајќи се себеси како жртва на политички мотивирани лаги и правосуден систем надвор од контрола.

Би можело да ве интересира

Меркел: Не плашете се од Трамп

А1он

Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане

А1он

Трамп го назначи конгресменот Мајк Волц за советник за национална безбедност

А1он

И Вучиќ се слушна со Трамп: Одличен разговор, најголема поддршка имаше од Србија

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ