„Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во НОБ

Од:

На сцената на Националната опера и балет вечерва ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“ од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи.

„Кавалерија рустикана“ е оперски бисер натопен во страст и со одмазда како главен движечки мотив и еден од најомилените и најизведуваните оперски наслови до ден-денес на светските оперски сцени. „Кавалерија рустикана“ е трагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата.

Операта ќе се изведе под диригентската палка на украинската диригентка Оксана Мадараш, а во режија на Џандоменико Вакари од Италија. Сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Настапуваат: Сандра Митровска во улога на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Ристе Велков како Алфио, Катерина Стојановска во улогата на Лола, Марика Поповиќ како Мајка Лучија во придружба на хорот и оркестарот од Националната опера и балет.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот