Велковски: Повеќе од 600.000 граѓани живеат со 150 ден на ден

Од:

Викаме дека по устав нашата држава е социјална или држава на благосостојба, да така е во уставот, меѓутоа ако видиме денеска дека во 2024-та година, има таква голема сиромаштија во Македонија и дека граѓаните, кои што преживуваат со еден минимум, се доведени, на самиот раб на егзистенција, нема да кажам дека тоа е една социјална категорија, туку тоа се граѓани, кои буквално преживуваат од ден за ден. Тоа е многу алармантно и запрепастувачки, вели Ѓоко Велковски, предложен кандидат за министер за труд и социјална политика на денешната дебата Важно е Платформа за иднина на тема Важно е да имаме фер избор.

Велковски додаде дека сите социјални трансфери кон пензионерите, сите социјални трансфери кон ранливите категории, поминуваат преку министерството, затоа е и толку важно да имаме одредена контрола врз самиот систем таму, за да нема одредени злоупотреби.

-Напоменав дека Министерството за труд и социјална политика го има еден од најголемите буџети, тука се сведени средствата од околу една четвртина, од вкупниот годишен буџет на Македонија и сите социјални трансфери кон пензионерите, сите социјални трансфери кон ранливите категории, поминуваат преку министерството. Затоа е и толку важно да имаме одредена контрола врз самиот систем таму, за да нема одредени злоупотреби, малверзации со овие граѓани, кои што ако ги земете како вкупна бројка на население и оние како невработени во РМ, се скоро половината од населението во нашата држава, рече тој.

Тој истакна дека повеќе од 600 илјади граѓани живеат со по 150 денари.

-Повеќе од 600 илјади граѓани живеат со само 150 денари на ден. Со 150 денари некој да преживее денес во нашата држава е незамисливо. Податокот кој што го имаме ние и е јавен, е дека од тие 600 илјади граѓани, дури 30% се млади луѓе или луѓе до 18 годишна возраст, кои што имаат помалку од 150 денари во џеб. Затоа после се прашува зошто младите луѓе ја напуштаат државата и зошто после нивната 18-та година, заминуваат во странство, еве ја причината. Како идна влада треба да работиме многу за ова да се смени многу брзо и да ги задржиме младите луѓе, тука во Македонија.

Според Велковски пензионерите се луѓе кои го граделе овој систем, потенцирајќи дека власта не им го исполнила ни тоа што им го ветила, а ниту тоа што им следува.

-Пензионерите се луѓето, кои го граделе овој систем, тие се луѓето кои ни дале на нас шанса, денеска да бидеме тука и да имаме можност нешто да направиме за државата. Денеска ако ги прашате пензионерите, пред 7 години некој им ветуваше разно разни работи, меѓутоа тие работи денеска ги немаат. Не што го немаат тоа што им го ветуваа, туку тие го немаат и тоа што им следува. Тоа што им следува како граѓани, кои што имаат реални потреби, имаат потреба да одат во продавница, имаат потреба да одат на лекар, а знаеме дека економијата и инфлацијата, како што ја води државата во овие 7 години, доведе до тоа, со таа пензија што ја имаат, да не можат да преживеат ни 15 дена во месецот, рече тој.

Велковски нагласи дека антикризниот пакет за пензионерите и сите оние ранливи категории на граѓани, е всушност давање на милостина на владата кон нив, а не функционирање на еден систем, кој вистински ќе им помогне на луѓето.

-Социјалната категорија кај народот, оние нај ранливите, кои што преживуваат со минимален доход, кој што го земаат од страна на државата, знаеме дека тоа не е доволно и дека едвај врзуваат ден за ден. Власта донесе еден пакет за мерки, на сила донесени во декември, каде се опфатени пензионерите и сите оние ранливи категории на граѓани. Едни ќе земат 1500 денари, други ќе земат 2000 денари, меѓутоа тие ќе ги потрошат за еден ден. Тоа не е помош кон нив, тоа е буквално на давање на милостина кон нив, а не функционирање на еден систем, кој вистински ќе им помогне на луѓето, додаде Велковски и укажа дека владата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, ќе направи системски решенија каде што ќе дадеме се од себе и ќе се потрудиме нивниот стандард да биде достоен како граѓани.

Би можело да ве интересира

Велковски: 100.000 пензионери со примања под минималната плата едвај врзуваат крај со крај

Елмас и Велковски стартери во меѓусебната пресметка во Лига Европа, славеше Наполи

Катерина Ѓуровски