Остин изјави дека американската администрација останала без пари за помош на Украина

Од:

Навестувањата дека САД еден ден би можеле да престанат да испраќаат помош за Украина, до одреден степен се остварија.

Шефот на Пентагон, Лојд Остин, изјави дека американската администрација останала без пари за помош на Украина, па Вашингтон повеќе не може да го снабдува Киев со проектили и муниција со истото темпо како пред една година.

Американскиот секретар за одбрана, во исто време, ја повика Контакт групата за одбрана на Украина да ги покрие потребите на Киев, додека конгресмените во Вашингтон не ги одобрат соодветните закони.

„Затоа ја повикувам оваа група да „копа длабоко“ за да обезбеди спасувачки копнени системи за воздушна одбрана и пресретнувачи на Украина“, рече Остин во видео обраќањето до јавноста од неговиот дом, прво по операцијата.

Остин, сепак, рече дека САД ќе ја поддржат Украина „во нејзината борба за слобода“.

Помошникот министер за одбрана за меѓународни работи Селест Валандер по обраќањето на Остин изјави дека украинското Министерство за одбрана добива извештаи од фронтот дека „единиците ги немаат потребните резерви на оружје и муниција“.

„Тоа е една од причините зошто се фокусиравме на потребата да одговориме на прашања од Конгресот, за да можат да продолжат со одлука“, рече таа.

Остин потсети дека на крајот на декември минатата година Пентагон ја објави својата 54-та финансиска поддршка за Украина во вредност до 250 милиони долари. Но, САД оттогаш не можат да му обезбедат дополнителна муниција на Киев бидејќи американскиот Конгрес допрва треба да одобри дополнително финансирање.

Очекувано пристигна и реакцијата на Москва. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е во тешка ситуација.

– Зеленски е во многу тешка ситуација, престанаа да му даваат пари – рече Песков.

Тој истакна дека нема доволно гранати за Зеленски во странство, додека на европските претставници им рекол дека „фрлиле пари на Украина“.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17