Спасовски: Постапката за претседателски кандидат е во тек, сега е важно да се подготви добра изборна платформа за проевропскиот блок

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека за него како човек и политичар најважно е за претстојните двојни избори, партиските органи да го изберат најдобриот кандидат за претседател и најдобрите кандидати за пратеници. Тој денеска одговарајќи на новинарски прашања на маргините на владината годишна конференција „Година на европски можности“, посочи дека исто толку важно е и да се подготви добра изборна платформа, која ќе го претставува проевропскиот блок, кој има јасна визија и стратегија, каде треба да се движи државата.

Спасовски на прашањето дали има поддршка во СДСМ за кандидат за претседател и доколку има дали ќе прифати да учествува во трката рече постаката е во тек во месните одбори, општинските организации, дека во моментов нема увид за процесите и оти кога целата постапка ќе заврши партиското раководство ќе ги сумираат и претстави во јавноста одлуките, кои ќе бидат донесени.

-За мене мене како човек и политичар најважно е да се одбере најдобриот кандидат за претседател и најдобрите кандидати за пратеници и второ да се подготви добра изборна платформа, која ќе го претставува проевропскиот блок, кој има една јасна визија и стратегија каде треба да се движи државата и што е тоа што треба да направиме визави немањето концепт од страна на опозицијата, затоа што битката на овие избори ќе биде токму во тој правец, така што личните судбини, амбиции, интереси, посебно сега во овој момент не можат да бидат во прв план, изјави Спасовски.

За тоа кој ќе го замени на министерската позиција во техничката влада, со оглед на тоа што министерот за внатрешни работи го предлага опозицијата, Спасовски рече дека тој не ги носи одлуките во другите партии и како што рече, отприлика знае кој ќе биде, но дека тоа официјално да биде соопштено.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?

Спасовски: Со одбивањето на амандманите, власта покажува дека нема слух за основните проблеми на граѓаните

А1он