До крајот на неделата повисоки температури

Од:

Од четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните делови ќе има услови за слаби врнежи. До крајот на неделата ќе дува умерен до засилен северен ветер и температурите ќе бидат повисоки во однос на денешните, информира УХМР.

Утре наутро ќе биде студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималните температури ќе бидат од -12 до -1 степен, а дневните од 3 до 11 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер, со температура од -5 до 8 степени.

Во среда ќе биде променливо облачно и потопло. Попладне ќе има локални врнежи дожд, а на повисоките планини снег со слаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

А1он

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

До четврток сончево и топло, од петок и во викендот дожд

Студено утро, релативно топло преку ден

А1он

Топло во следните денови, УХМР најавува температури до 29 степени