ВИДЕО: Ѓоковиќ во четвртфиналето на Австралија опен по меч кој не е виден повеќе од 50 години

Од:

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен откако во осминафиналето убедливо го совлада Адријан Манарино. Бранителот на титулата на првиот Грен слем тениски турнир во сезоната му препушти само три гема на својот ривал, 19-то рангиран тенисер во светот. Мечот аврши 6:0, 6:0, 6:3 за само 104 минути.

Најдобриот тенисер на денешницата во походот кон 11. титула од Австралија опен и 25. Грен слем титула започна бурно против Манарин. Французинот во првите три кола одигра пет сета, а потоа во четвртиот ги загуби првите 13 гема и првиот гем го доби дури по 0:6, 0:6, 0:1.

Ѓоковиќ со оваа победа постигна невиден подвиг. Тој стана првиот тенисер кој не испуштил ниту еден гем во првите два сета на еден Грен слем турнир на противник од најдобрите 20 во светот од воведувањето на АТП рангирањето во 1973 година.

Исто така, по 58-ми пат во кариерата стигна до четвртфиналето на некој од четирите најсилните турнири, израмнувајќи го рекордот што претходно го држеше Роџер Федерер.

Уште дека од 2015 година нема меч на Грен слем турнирите во кој победникот загуби три или помалку гема од поразениот, а поразениот тенисер е меѓу 20-те најдобри во светот. Последен пат тоа се случи пред девет години на УС Опен, кога Ѓоковиќ го победи Марин Чилиќ со 6:0, 6:1, 6:2 во полуфиналето на турнирот.

Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против дванаесеттиот носител Тејлор Фриц кој забележа осминафинална победа во четири сета (3-1) над Стефанос Циципас.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ се откажа од Париз, веројатно нема да игра и на завршниот турнир

ВИДЕО: Ѓере го предаде мечот, а Ѓоковиќ стана единствениот со 90 победи на УС Опен

Ѓоковиќ опериран: нема да игра на Вимблдон, неизвесен е за Олимписките игри

ВИДЕО: Сабаленка ја одбрани титулата на Австралија опен

(ВИДЕО) По четири часа борба, Ѓоковиќ влезе во полуфиналето на Австралија опен: „Исцрпен сум“

Катерина Ѓуровски

Ѓоковиќ со осцилации до четвртфиналето