Министерката за надворешни работи на Словенија Тања Фајон денеска на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос изјави дека е неопходно итно да се прекине војната во Газа и да се заштитат цивилите.
Таа апелираше за испорака на хуманитарна помош во енклавата и повика на договор за мировен план за решение со две држави.
„Не може да има оправдување за 24.000 цивилни жртви во Газа, вклучително и 9.000 деца. Ова е неприфатливо“, рече Фајон.
Таа додаде дека е крајно време меѓународната заедница да престане со убиствата и страдањата на луѓето во Газа.