Постар брачен пар е пронајден мртов во својот дом во Јужна Каролина, а се верува дека починале од голема топлина откако котел за греење достигнал температура од повеќе од 500 степени Целзиусови.
Полицајците кога влегле во куќата, за малку ќе настрадале од жештината, а и по 20 минути вентилирање на собите температурата во сите соби надминала 50 степени Целзиусови.
Телата на несреќните сопружници биле толку жешки што термометарот покажал максимална температура од 42 степени, пренесува CBS News.
Полицијата соопшти дека патрола отишла во домот на постарата двојка, а откако загрижените членови на семејството пријавиле дека три дена не можат да стапат во контакт со нив.
Полицајците успеале да влезат во домот преку прозорецот од спалната соба, а Џоан Литлџон (84) и Гленвуд Фаулер (82) биле пронајдени мртви во кревет. На нивните тела немало траги на насилство.
Полицајците кои влегле во куќата веднаш пријавиле дека во објектот е „неверојатно топло“, а кога пристигнала брзата помош и ја измериле телесната температура на починатиот, термометарот ја покажал максималната вредност.
Според лекарите од клиниката Мајо, просечната температура на човечкото тело се движи од 36,1 до 37,2, а ако температурата надмине 40, веднаш треба да започнете со намалување на температурата и да побарате помош од лекар.
Пожарникарите набрзо пристигнале и отишле во подрумот да го проверат бојлерот.
„Кога влегле во просторијата каде што се бојлерот и парното, еден пожарникар рекол дека бојлерот бил толку жежок што се чувствувал како да влегол директно во оган“, се наведува во соопштението.
Кога го исклучиле бојлерот измериле температура повисока од 537 степени Целзиусови.