Променливо облачно, слаб дожд во западните и северните делови од земјава

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне во западните и северните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Според прогнозата на УХМР, во Скопје ќе биде променливо облачно, во утринските часови со слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 5 степени.

Во четврток и петок наместа ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува засилен јужен ветер што ќе придонесе температурите да бидат во значителен пораст.

-Под влијание на студен и влажен бран во петок кон крајот на денот и во сабота врнежите ќе преминуваат во снег и ќе дува засилен северен ветер, најави УХМР.

Би можело да ве интересира

Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност

А1он

Сонце и облаци и денеска и во викендот: темепратури до 25 степени

Утре променливо облачно време со дожд, стабилизација за викендот

Облачно со повремен локален дожд, температура до 23 степени

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта локални врнежи од дожд и засилен ветер

Сончево време со умерена облачност

А1он