Најстудено во Берово и Скопје-Петровец

Од:

Во Берово во 7 часот изутринава се измерени -9 степени, во Скопје-Петровец – 7, во Штип, Струмица, Демир Капија, Велес и Куманово – 6, а – 5 во Крива Паланка, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија. Четири степени под нулата се регистрирани во Битола и Тетово, -3 Прилеп, -2 Виница и Дебар, -1 Дојран, Крушево, Маврови Анови и Претор, а 1 степен во Охрид, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Вистината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува пет сантиметри.

Во текот на ноќта времето беше студено особено во источните делови од земјата. Од запад се прошири умерена променлива облачност. Утринава во централните делови е претежно облачно, а температурата на повисоките места е над нулата и дува претежно умерен југозападен ветер.

Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно претежно во западните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, а на некои пониски места краткотрајно врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

А1он

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

До четврток сончево и топло, од петок и во викендот дожд

Студено утро, релативно топло преку ден

А1он

Топло во следните денови, УХМР најавува температури до 29 степени