Ѓоковиќ ја започна одбраната на титулата на Австралија опен со победа против Прижмиќ

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Австралија опен, откако денеска во Мелбурн во првото коло го совлада Хрватот Дино Прижмиќ со 6:2, 6:7 (5:7), 6:3, 6:4.

Натпреварот траеше четири часа и една минута. Ова беше најдолгиот меч на Новак Ѓоковиќ во првите кола на Грен слем турнирите. Ѓоковиќ стартуваше со освојување на првиот Грен слем турнир во сезоната против младиот хрватски тенисер, кој моментално е на 178. место на АТП листата.

Во второто коло на Австралија опен, Ѓоковиќ ќе игра со победникот од мечот меѓу австралиските тенисери Алексеј Попирин и Марк Полманс.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Чехот, Томаш Махах

(ВИДЕО) Новак пцуеше по победата на АО – поради провокатор не можеше да го сокрие бесот

А1он

Еден од најтешките порази во кариерата на Новак Ѓоковиќ

Ѓоковиќ го совлада Монфис и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн

Ѓоковиќ: Планирам да играм на повеќе турнири од минатата сезона

Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари 2025 година на турнирот во Доха