Од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, вкупно 23.210 Палестинци се убиени, а 59.167 се ранети во Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство на енклавата.
Министерството во соопштението додава дека во последните 24 часа загинале 126 лица, а 241 лице се повредени, пренесува Гардијан.
Најмалку 25 Палестинци се уапсени на Западниот Брег во претходните 24 часа, соопшти Здружението на палестински затвореници.
Со ова вкупниот број на Палестинци уапсени од израелските сили на територијата од 7 октомври наваму на 5.755, вклучувајќи 190 жени и 335 деца.
Приведени се 50 новинари, од кои 20 се во административен притвор, што значи дека биле приведени без обвинение или судење, наведува Ал Џезира.