Министерството за здравство на Хамас денеска објави дека најмалку 23.084 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври досега.
Покрај тоа, повредени се 58.926 лица, пренесува Ројтерс.
Се додава дека во последните 24 часа загинале 249 лица, а 510 се повредени.